Статистичките податоци кажуваат дека бројот на загинати деца во сообраќајни незгоди е недозволиво висок.
Родители во вас е најголемата одговорност. Без оглед на фактот дека децата се едуцираат за безбедно учество во сообраќајот уште во предучилишни институции, и понатаму продолжуваат и во основните училишта, улогата на родителите е најважна и незаменлива.
• местата каде се одвива сообраќајот, не се места за играње;
• децата не смееат да истрчуваат зад паркираните или запрени возила, затоа што возачите не можат да ги забележат;
• децата секогаш се движат по тротоар и што е можно подалеку од улица;
• на улици без тротоари децата секогаш треба да се движат по левата страна, и задолжително во колона, доколку се движат во група;
• улицата секогаш треба да се преминува на пешачки премин и само на зелен пешачки семафор. Задолжително пред да се помине улицата да се погледне лево и десно.