Пратенички прашања во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи нова седница на чиј дневен ред се пратенички прашања до Владата. Изминатите месеци, ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на оваа седница, бидејќи, не учествуваа во работата на Законодавниот дом.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, утрово потврди дека тие ниту денеска нема да присуствуваат на седницата

Седницата за поставување пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот кога заседава Парламентот.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави