Пазарната капитализација на онлајн гигантот „Amazon“ се намали за над 53 милијарди долари или 7,4% за време на трговијата на „Wall Street“ во средата, по извештаите дека американскиот претседател Доналд Трамп зборувал за промени во даночниот режим на компанијата, бидејќи според него тоа им се заканува на семејните бизниси, објави „Ројтерс“.
Информацијата беше дистрибуирана претходно од електронското издание „Axios“.
Претставниците на „Amazon“ не беа достапни за коментар. Акциите на компанијата поевтини за речиси 5% кратко време по 21:00 часот по македонско време.
„Конгресот ја „сака крвта“ на „Facebook“, но претседателот Трамп не е заинтересиран. Наместо тоа технолошкиот гигант, кој Трамп сака да го гони, е „Amazon“, пишува сајтот, повикувајќи се на петмина извори.
„Тој е опседнат со „Amazon“, вели еден од изворите.
Во моментов нема конкретни промени во американската политика кон „Amazon“, но администрацијата на Трамп секогаш бараат различни опции, рече претставник на Белата куќа за „Ројтерс“.