Заев на средба со КСС: Заложба на владата е јакнење на синдикалното движење
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска остварија средба со претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралковски, и други претставници и претседатели на гранкови синдикати членки на КСС.
Од владината прес-служба соопштија дека на средбата биле потврдени заложбите на Владата за овозможување услови за јакнење на синдикалното движење во земјава и се разговарало за надминување на состојбите со кои се соочуваат синдикалните организации.
Во функција на заштита и унапредување на работничките права било изразено уверување дека дијалогот и разговорите на Владата на Република Македонија со синдикалните организации ќе продолжат до изнаоѓање решенија за посочените проблеми.