Амди Бајрам побара Ром – советник во Кабинетот на Заев
Низа барања на денешната седница за пратенички прашања во Собранието на РМ.
Пратеникот Амди Бајрам го праша премиерот Заев дали се размислува да има Ром советник во неговиот Кабинет.
-Не е важно кој ќе биде, важно е да биде образуван, а такви Роми има, рече пратеникот Амди Бајрам.
Премиерот Заев одговори дека во текот на април ќе објави оглас за вработување на посебен советник за ромски прашања.
-Сега завршува огласот за 4-5 советници. Мое право е кого ќе изберам. Верувам дека Ромите ќе бидат мотивирани да се пријават на огласот, бидејќи сметам дека советник за ромски прашања треба да биде Ром, одговори Заев.
Со слично прашање и кон министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој праша зошто на конкурсите што ги објавува МВР не се вработуваат Роми.
Спасовски рече дека е распишан конкурс за вработување на 500 нови полицајци кои наскоро ја завршуваат обуката и сите тестови и дека од нив ќе бидат вработени полицајци од сите етнички групи.