10 килограми марихуана запленети на Деве Баир

10 килограми марихуана запленети на Деве Баир

Албанец бил фатен во шверц на десет килограми марихуана, завчера на граничниот премин „Деве Баир“, информираше Царинската управа.
 
– На 27 март за излез од државата се пријавил автомобил со албански регистарски таблички, управуван од албански државјанин. Возилото е селектирано за царинска контрола и по извршениот преглед на возилото, во внатрешноста на возилото, во специјално направени бункери, биле пронајдени 16 пакувања со марихуана- велат од Царината.
 
Царинската управа до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничениот поднесе кривична пријава, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
 
Судијата на претходна постапка на осомничениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
Треба да знаете
Последни објави