Сугарески: Патот Сопиште – Центар преку Водно ќе се пушти во првата половина на оваа година
Пратеникот Далибор Богдановски праша до каде е изградбата на регионален водовод Патишка река, кој како што рече, има големо значење за жителите на 10 населени места и ќе го реши проблемот со водоснабдувањето. Тој праша и кога се планира реконстукција на патот од Сопиште до Долно Соње и кога ќе се пушти во функција патот Сопиште – Центар преку Водно.
– Изградбата на водоводот Патишка река треба да биде завршен во ноември 2018 година, планираме интензивирање на динамиката. Обезбедени се 75 милиони денари во буџетот на министерството. Во однос на рехабилитацијата, по завршување на изградбата на водоводната мрежа, ќе се изгради и патот од Сопиште до Долно Соње – рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Тој соопшти и дека патот Сопиште – Центар преку Водно е комплетно завршен и ќе се пушти во првата половина на 2018 година. Сугарески објасни дека се појавило едно свлечиште, кое дололнително се решава, па и затоа патот до сега не е пуштен.