Сдсм: Мицкоски да не се обидува да се крие зад народот туку да одговори за неговата улога на 27-ми април
„Христијан Мицкоски вчера призна дека бил во толпата пред Собранието и учествувал во настаните од 27-ми април. Откако го потврди присуството Мицкоски треба да одговори која била неговата улога на денот кога беа нападнати пратеници, новинари и вработени, кога беше загрозен уставниот поредок на Република Македонија?“, прашува денеска Михаела Иванова од СДММ.