Средба Заев-Ахмети во Собранието
Денеска во просториите на Собранието на Република Македонија се сретнаа владините коалициони партнери, Зоран Заев и Али Ахмети.
Се дознава дека за време на средбата Заев го запознал неговиот коалиционен партнер со сите досегашни реализирани средби со политичките партии на Албанците, кои сакаат да бидат дел од Владата.
Од ДУИ, не сакајќи да откриат детали истакнуваат дека станува збор за редовна средба каде е разговарано за актуелностите во земјата, работата на владата, како и потребата за одржување на лидерска средба со цел подобро координирање во овој важен период за земјата.
Сепак, не открија други детали, вклучувајќи го и тоа дали освен за проширувањето на парламентарното мнозинство и горенаведените прашања, е дискутирано или не и за стапувањето во сила на Законот за употреба на јазиците.