Често носите слушалки на ушите? – Ова треба да го прочитате
Докторите откриваат неверојатни последици од честото носење на слушалки во ушите. Во новата епизода на емисијата “Докторите” се зборуваше за црнките. Тоа не е ништо ново, ниту пак алармантно, но во овој случај станува збор за црнки на место каде што никогаш не би помислиле дека ќе се појават.
Односно, докторите наговестуваат дека сосема е нормално и постои голема можност да се појават црнки во ушите, со оглед на тоа дека надворешниот дел од ушите кој е видлив има многу лојни жлезди, какви што имаме на носот или брадата.
Секако, веројатноста дека ќе Ви се појават црнки на носот или брадата е поголема, но постои голема можност дека тие можат да ги нападнат и Вашите уши. Особено, тоа може да се случи доколку често носите слушалки во ушите или доколку не ги одржувате редовно.
Покрај тоа, докторите предуредуваат дека доколку забележите ваква појава, случајот не смеете да го решавате сами, туку да се обратите кај дерматолог. Во спротивно, тие црнки би можеле да го затнат и ушниот канал.
Како да одбегнете вакво сценарио?
Пред сè, редовно чистете ги ушите. Чепкалките за уши нема да ви помогнат во тоа, бидејќи само повеќе ја турката нечистотијата. Исто така, редовно чистете ги и Вашите слушалки и намалете ја нивната употреба.