Италијанските градови Торино и Милано имаат намера заедно да ги организираат Зимските олимписки игри во 2026 година. Писмо со намери и комплетниот план тие ќе испратат до Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
Вообичаено е организатор на ЗОИ да биде еден град, но новиот процес е флексибилен и овомжува натпреварите да бидат распоредени во повеќе области, а Игрите да о носат името на само еден град.
Италјанскиот олимписки комитет ќе му дозволи на МОК да одлучи околу градот чие име ќе биде во официјалното име на Игрите.