Дали Tesla навистина ќе пропадне?

Се повеќе луѓе сметаат дека компанијата Tesla motors нема да го дочека крајот на годината.

 

Последниот човек кој носи лоши вести за оваа компанија е лидерот на инвестициониот фонд Џон Томпсон, кој тврди дека Tesla ќе банкротира во рок од неколку месеци, а единствен спас ќе понуди новиот прилив на свеж капитал, или како што вели Томпсон, зајакот од шеширот на Елон Маск.

Сите се согласуваат во тоа дека најголем проблем на Tesla е тоа што никако не може да почне да генерира приход. Колкав губитник е Tesla најдобро зборува споредбата со гигантот Ford .

„Tesla вреди двојно повеќе од Ford, а Ford минатата година произведе шест милиони автомобили со профит од 7,6 милијарди долари, додека Tesla произведе 100.000 автомобили со загуба од две милијарди. Понатаму, Ford има заштеда од 12 милијарди за црни денови, додека Tesla во следните три месеци најверојатно ќе остане без пари“, изјави Томпсон.

Најважното е што Tesla зад себе нема искуство, а тоа е пресудно во автомобилската индустрија, Од една страна, потребно е да се има константен квалитет. Моделот 3 е тука најдобар и најочигледен пример.

Покрај неверојатниот старт и резервацијата на 400.000 автомобили на невидено, нешто за што другите можат да сонуваат, сепак Tesla не успеа да ја искористи таа предност и да ја капитализира. Моделот 3 и денеска има проблеми во производството, кое доцни со плановите, а се појави и проблем во квалитетот на изработката.

Друга важна ставка доаѓа од конкуренцијата. Побарувачката за моделите Х и S не е на нивото на кое се очекуваше, а ниту цената не паѓа според очекуваниот ритам. Откако на пазарот ќе пристигне конкуренција, Tesla навистина би можела да замине во историјата. Електрични модели најавија и гиганти како BMW, Mercedes и VW, а на пазарот веќе пристигнаа опасни конкуренти и од Jaguar.

Кога се ќе се собере, иронијата на експертот Боб Лук почнува да има смисла. Тој, имено, меѓу првите најавуваше пропаст на оваа компанија. Дури се пошегува и ги советуваше сите колекционери на автомобили да побрзаат и да го купат моделот S пред компанијата да пропадне.

Порано оваа година, грбот на Tesla и Маск им го сврти Стив Вознијак, еден од основачите на Apple, кој поради постојаните доцнења ја загуби довербата во компанијата.

Tesla секој час троши речиси половина милион долари, односно 8.000 долари по минута. Ако вака продолжи, Tesla целиот приход ќе го потроши пред 2019 година, токму како што Боб Лук прогнозираше.

Треба да знаете
Последни објави