
Филмскиот продуцент Харви Вајнстин, од неодамна познат по сексуалното вознемирување на голем број на жени кои работеле за него, во тајност ја продаде куќата во Њујорк за цена од 25.630.000 долари.
Вајнстин, кој моментално престојува во клиника за одвикнување во Аризона, куќата во њујоршката улица Банк ја купил во 2006 година, една година пред венчавката со втората сопруга, модната дизајнерка Џорџина Чепмен, за 14,95 милиони долари.
Станува збор за огромна куќа од пет ката со 480 квадратни метри во грегоријански стил, изградена на преминот од 19 во 20 век.
Продажбата извршена во тајност не претставува преголемо изненадување, во однос на негативниот публицитет кој во последните неколку месеци го следи Вајнстин.
Богатиот филмски продуцент продаде уште неколку многу вредни некретнини, а во своја сопственост, според пишувањата на американските медиуми, ја задржал „скромната“ куќа реновирана во тјудорски стил во Калифорнија, која ја купил во 2015 година за 1,55 милиони долари.
Светските медиуми пишуваат дека и „скромната“ куќа наскоро ќе биде понудена на продажба.
Според пишувањата на магазинот PropertyShark од почетокот на овој месец, Вајнстин наводно за 16 милиони долари продал две недвижности во Вестпорт, а во јануари за 10 милиони долари продал имот во државата Њујорк.



