Разликата во одлуките на Кривичниот и Врховниот суд за мерките притвор на Митко Чавков е сосема мала и двата суда се произнеле дека треба да има мерка притвор со тоа што Врховниот суд во домашни услови, додека Кривичниот во установа, образложи претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев на денешниот брифинг со новинари.
Надлежност има и Врховен и Кривичен суд да одлучува, но во различни фази. Сплет на околности е што е еден ден по одлуката на Врховен, рече Џолев.
Образложи дека зад одлуката на Кривичниот суд е тоа што имале на увид изнесување од СВР Скопје од 27.03.2018 каде стои дека се извршени две контроли на локацијата одредена од Врховниот суд за издржување на мерката притвор. Контролите биле во 18 и 21 часот, но Чавков не е најден на локацијата одредена од Врховниот суд. Кривичниот судот добил известување од МВР дека тој не бил на адресата каде што требало да ќе ја издржува мерката притвор, односно бил на друга локација во Скопје. Џолев нагласи дека Чавков самоволно одлучил каде ќе ја издржува мерката куќен притвор и тоа да биде на друга локација.
На брифингот беше посочено дека во однос на изречените мерки досега се пристигнати девет жалби.