Граѓаните кои имаат заостанат долг за вода ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање

Од ЈП Водовод и канализација  соопштуваат  дека во периодот од 02.04.2018 до 15.05.2018 година корисниците на услугите на ЈП, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.

 

Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

Новото раководство на ЈП Водовод и канализација – Скопје вели дека и во иднина ќе води грижа за своите корисници преку носење на различни мерки и проекти кои ќе бидат во интерес исклучиво на нашите корисници и на граѓаните на градот Скопје.

Треба да знаете
Последни објави