Груевски во Титаник ќе го бранат дури шест адвокати
Пораншениот премиер Никола Груевски, заедно со уште 20 обвинети во Титаник денеска ја сефтосаа новата зграда на Кривичниот суд, каде што им се суди за изборни манипулации во 2011 година.
Груевски во овој предмет ќе го бранат дури шест адвокати и тоа Донче Наков, Штерјо Зиков, Димитар Дангов, Сања Алексиќ, Боро Тасевски и Еленко Миланов. Останатите обвинети имаат по еден или двајца адвокати.
Новата баркона зграда на Кривичен беше пуштена во употреба во саботата, а ова е прво судско рочиште кое се одржува во неа.