Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.
Максималната дневна температура ќе се движи од 12 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе достигне до 18 степени.
До среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во значителен пораст.
Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува кон крајот на работната седмица.