Груевски: Во тренд е за сè да ме обвинуваат

Денеска по завршувањето на рочиштето за случајот „Титаник“ експремиерот, Никола Груевски, даде изјава во која рече дека во тренд е тој да биде обвинуван.

 

„Се чувствува притисокот на судите. Имам 3 часа да прочитам десетици илјади страници. На тоа судијата немаше одговор. Судијата е под притисок. Денеска прва вест е ‘Титаник’ а втора вест е името. Секој ден сме на рочишта без да ни се даде право на одбрана. Во тренд е за сè да бидам јас обвинет. Дневно измислуваат по 2-3 работи за да не се говори за друго“, истакна Груевски.

Треба да знаете
Последни објави