Заостанатите долгови за вода можете да ги плаќате на рати и без камата

Официјално започна акцијата која ја најави ЈП „Водовод и канализација.

 

Во периодот од 02.04.2018 до 15.05.2018 година корисниците на услугите  кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

-Ги повикуваме граѓаните на Град Скопје кои имаат заостанат долг, да ја искористат оваа можност за подмирување на долгот на рати и без камати, се наведува во соопштението на јавното претпријатие.

Треба да знаете
Последни објави