Автомобил марка „хонда акорд“ управуван од страна на полициски службеник Р.М.(50) бил уништен при сообраќајна расправија што се случила додека тој не бил на должност.
Во текот на вчерашниот ден во пoлициската станица Ѓорче Петров тој пријавил дека додека управувал автомобил „хонда акорд“ во кој биле уште три лица, автомобил „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки му го пресекол патот. Притоа, возачот на „кеди“ застанал и излегол од возилото со палка во рака и започнал да удира по прозорецот од автомобилот на пријавителот и да му упатува закани.
Тогаш полицискиот службеник излегол од возилото и се легитимирал, по што возачот на „кеди“ го напуштил местото на настанот. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, а за настанот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.