Владејачката партија реагира на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со контроверзната збирка поезија, образложувајќи дека веќе е започнат процес за утврдување на одговорноста за пропустот со збирката „Млади поети“.
„Лицемерна е наводната загриженост за говор на омраза на ВМРО-ДПМНЕ, кога токму оваа партија е позната по говорот на омраза и дискриминација што со години ги практикува. Според јавно објавените информации, Агенцијата за млади и спорт веќе започна процес за утврдување на одговорноста за пропустот со збирката „Млади поети“. Започнатиот процес точно ќе ја лоцира одговорноста по што сите учесници во пропустот ќе се соочат со одговорност“, стои во писмената реакција на СДСМ.
Партијата додава дека со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција заврши времето на неказнивост и прикривање на говорот на омраза, на дискриминацијата и шовинизмот.