Канада се уште се нема огласено, а германското министерство за внатрешни работи соопшти „дека нема никакви сознанија“ за барањето Германија да ги превземе бегалците кои што живеат во Израел.
Италијанските власти итно реагира и го смирија народот со демант. Од официјален Рим порачаа дека нивната земја не е опфатена со договорот помеѓу Обединетите нации и Израел за преместување на африканските мигранти во западните земји.
„Нема никаков договор со Италија во рамките на договорот склучен помеѓу Израел и високиот Совет на Обединтите нации за бегалци за преместувањето на тие мигранти“, соопштија од италијанското министерство за надворешни работи, не откривајќи други детали.
Израелските власти објавија во текот на вчерашниот ден дека се откажале од депортацијата на илегалните мигранти во Африка и дека се договориле со Обединетите нации „најмалку 16,250 африкански мигранти, од Израел да бидат пренесени во западните земји“.
Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху откри дека дел од мигрантите ќе ги превземат Канада, Италија и Германија во рамките на договорот кој што израелската влада го постигнала со “UNHCR”.
Сепак, од Канада се уште се немаат огласено, а во меѓувреме германското министерство за внатрешни работи соопшти „дека нема никакви сознанија“ за барањето Германија да ги превземе бегалците кои што живеат во Израел.
Во соопштението на канцеларијата на претседателот на Израел беше додадено дека останатите имигранти кои што бараат азил, ќе може да останат во Израел барем во следните пет години.
Според израелското министерство за внатрешни работи, 42 илјади африкански мигранти, пред се од Судан и Еритреа од кои што половина биле жени и деца, нема да бидат опфатени со тој план.
Тие мигранти во најголем дел пристигнале во Израел во 2007-ма година преку египетски Синај. Границата која што тогаш била пропусна, подоцна израелските власти практично и херметички ја затворија, поставувајќи електрични огради.