Марио Балотели без сомнение поседува огромен фудбалски талент, но сепак поради неговата несериозност тој досега не успеа да изгради голема кариера.
Сепак, неговиот менаџер, познатиот Мино Раиола на големо работи на враќање на „Супер Марио“ на „голема сцена“, па откри кои би можеле да бидат следните дестинации на Балотели.
„Марио е подготвен за враќање, созреа и е еден од десетте најдобри напаѓачи на светот. Во Италија тој и натаму е број еден. Тој вреди сигурно 100 милиони евра, а на лето ќе биде слободен играч. Тоа е одлична зделка“, изјави Мино Раиола и додаде:
„Преговараме со повеќе клубови во Италија и Англија. Разговарав со Јувентус, Интер, Рома и Наполи“, изјави Мино Раиола.