Почетокот на четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите ќе донесе нови и уште поголеми возбудувања на фудбалските терени, а само една од овие осум екипи ќе го подигне престижниот „пехар со уши“ во Киев.
Екипите мора да внимаваат и на дисциплината бидејќи на дури 20 фудбалери им се заканува суспензија за реваншите од оваа фаза, а меѓу нив се и многу важни играчи како Левандовски, Рамос, Кјелини, Бен Једер…
Баерн Минхен (Левандовски, Толисо, Кимих, Боатенг, Руди)
Севиља (Бен Једер, Ескудеро, Меркадо)
Јувентус (Кјелини, Алекс Сандро, Бентанкур)
Реал М (Рамос)
Рома (Пероти, Манолас)
Барселона (Серхи Роберто)
Ливерпул (Хендерсон, Морено)
Манчестер С (Гундоган, Данило, Фернандињо)
Суспендирани за првите натпревари се Пјаниќ, Бенатија и Банега.