Можно ембарго од ФИФА за Ибрахимовиќ за настап на Мундијалот 2018

Цирих, 3 април 2018. Светската фудбалска федерација (ФИФА) може да го забрани евентуалниот настап на Златан Ибрахимовиќ на Светското првенство што оваа година ќе се одржи во Русија.

 

Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси и да се најде на списокот на повикани како дел од шведскиот национален тим, можно е да добие забрана за настап на Мундијалот поради фактот што фудбалерот има договор за соработка со една букмејкерска компанија.

Според правилата на ФИФА забрането е учество на светски првенства на лица поврзани со удели.

36-годишниот Ибрахимовиќ одби да се произнесе на оваа тема.

Тој објави крај на репрезентативните настапи по ЕП 2016, но откако Шведска обезбеди пласман на Светското првенство во Русија, Ибрахимовиќ на крајот од 2017 година призна дека може да игра на Мундијалот.

Треба да знаете
Последни објави