Анѓушев: Цената на струјата нема да се зголеми со новиот закон
Цената на струјата за домаќинствата нема да се зголеми со новиот предлог-закон за енергетика, тврди вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Домаќинствата ќе треба да изберат од каде ќе купуваат струја, најверојат кон крајот на оваа година, односно откако на тендер ќе се избере униеврзалниот снабдувач.
Со посебен правилник во законот за енергетика ќе се регулира проблемот на исклучените од парно греење во Скопје, а Анѓушев изјави дека ќе се направи се, за тие да не плаќаат.