Жител на Росоман пет години чувал бомба во својот дом. Вчера неговата сопруга случајот го пријавила во Полициската станица Кавадарци. Според МВР, Р.М.(65) од село Росоман пријавила дека нејзиниот сопруг З.М.(51) околу пет години чувал бомба во нивниот дом.
Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и во една од собите во куќата била пронајдена експлозивната направа. Бомбата била одземена и предадена за понатамошна постапка на службите од Дирекцијата за заштита и спасување. Се работи на расчистување на случајот.