Нивото на Охридското Езеро и натаму е 26 сантиметри над дозволениот максимален водостој, а на Дојранското Езеро три сантиметри под договорениот максимален водостој, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Споредено со просекот за април, зголемен е водостојот на Вардар кај Јегуновце, Зајчев рид-Скопје, Велес и Демир Капија, како и на Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Струмица кај Сушево и Сатеска кај Ботун.
Под просекот се водостоите на Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Црна Река кај Новаци.