Полицијата спречила жена да се запали, вчера во полициската станица во Драчево.
Според МВР, инцидентот се случил околу 23 часот кога во станицата дошла 40 годишна жена од Скопје.
Таа рекла дека е во депресија и сака да си го одземе животот. За да ја смират жената полицајците во станицата го повикале и нејзиниот син.
Додека скопјанката разговарала со сменоводителот, таа извадила пластично шише со течност, се полила и со запалка се обидела да се самозапали. Полицајците и синот ја спречиле во намерата, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Психијатриската болница „Бардовци“.