Фудбалерите на Рома синоќа одиграа одличен натпревар, меѓутоа на крајот беа поразени од Барселона со 4:1.
Многумина сметаат дека Римјаните требало да добијат два пенали, меѓутоа судијата не покажа на белата точка.
Тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо после натпреварот порача дека неговите играчи, но и судиите им помогнале на фудбалерите на Барселона да слават толку висока победа на првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
„Одигравме одличен натпревар, а доживеавме убедлив пораз. Ѝ помогнавме на Барселона со два автогола, но им помогна и судијата. Резултатот не е реален, но нема да се откажеме. Барселона е секако силен тим и мислам дека судиите не треба вака да им помагаат“, изјави Ди Франческо.