Марк Андре Тер Штеген во најавата за мечот со Рома се обиде да објасни колку незаборавниот гол кој го прими од Флоренци пред три години влијаел позитивно врз него и дека го направил посилен во психолошки аспект, но покрај ова, во пресрет на новиот меч кој ќе го игра на „Олимпико“ доби и едно интересно прашање од страна на еден новинар.
Од Германецот беше побарано да ги наброи најдобрите голмани во светото во овој момент, а први на мисла му паднаа пет чувари на мрежата и тоа со следниот редослед.
– Го имаме Де Хеа, го имаме Нојер, го имаме Буфон кој се уште е во добра форма. Не сум го гледал многу пати, но ми се допаѓа и Алисон, како и Едерсон. Не можам да кажам кој е најдобарр, секој си има посебни квалитети. Има многу голмани кои прават разлика за своите тимови, – изјави Тер Штеген кој при својот прв избор заборави на сите колеги од шпанската Примера како Јан Облак и Кејлор Навас.