Италијанската фудбалска легенда, Алесандро Дел Пјеро е оптимист и верува дека Јувентус и Рома можат да направат пресврт и да ги нокаутираат, исфрлат Реал Мадрид и Барселона од Лигата на шампионите.
Јувентус и Рома имаат негатива од три погодоци од првите средби, „бјанконерите“ со негатива од 3-0 гостуваат на „Сантијаго Бернабеу“, додека „волчицата“ на „Олимпико“ ќе се обиде да го избрише поразот од 4-1.
– Јувентус и Рома се одлични тимови и се уште можат да се пласираат во следната фаза. Се може да се случи дури и против големи тимови како Реал и Барселона. Психолошкиот аспект и желбата за кам-бек би можеле да бидат клучни. Ќе биде тешко, но како Италијанец и Јувентино се надевам дека ќе можат да поминат, – истакна Дел Пјеро.