„ДЕСПАСИТО“ НАПАДНАТ ОД ХАКЕРИ НА ЈУТЈУБ

Најгледаниот спот во историјата на Јутјуб „Деспасито“ беше нападнат од хакери, кои преку него испратиле порака „Слобода за Палестина“.

Освен хитот на Луис Фонси, кој пред неколку дена ја достигна бројката од пет милијарди прегледи, цел на хакери биле и Тејлор Свифт, Шакира, Селена Гомес, Дрејк и десетици други пејачи.

Спотот за „Деспасито“ беше тргнат и на негово место беше поставена фотографија на група маскирани лица со вперено оружје. Нарекувајќи се Просокс и Куроиш, тие под песните оставиле порака „Слобода за Палестина“.

„Ова го направивме само од забава. Не ни се лутете, ние го сакаме Јутјуб“, гласеше твитот на еден од хакерите.

Треба да знаете
Последни објави