На полноќ ќе се знае дали владата на Заев Ќе добие доверба

На полноќ ќе се знае дали владата на Заев Ќе добие доверба

Претседателот на Владата Зоран Заев на денешната седница за доверба на Владата го поздрави враќањето на опозицијата во работата на Парламентот и, како што кажа, тоа е во интерес на граѓаните на Република Македонија, но и интерес и на власта заради тоа што со опозицијата може да биде само подобра власт.

Заев, одговарајќи на обвинувањата на пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски, кажа дека ова е конструктивна дебата и треба да биде коректив на власта, бенефит што граѓаните го добиваат кога опозицијата е активна во Парламентот.

Седницата, која треба да финишира со гласање на полноќ, трае веќе неколку часа.

Треба да знаете
Последни објави