Димовски: Доста кукате, нели имавте план за живот
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски од собраниската говорница по повод гласање на недоверба на владата на СДСМ рече дека во текот на денот ја следи интерпелацијата и праша дали оваа интерпелација е на владата која е на власт 10 месеци или како што се обидувале пратениците од СДСМ да ја претстават како интерпелација на владата која што веќе 10 месеци не е на власт.
-Доста кукате! На избори излеговте и кажавте дека имате План за живот, им порача Димовски.
Димовски кажа дека без разлика каков ќе биде исходот од гласањето на интерпелацијата, таа е успешна од политички аспект бидејќи пратениците кои што имаа пофалби за целата влада, за две-три недели ќе гласаат за реконструкција на владата. Тој ја цитираше изјавата на Заев каде што кажал дека дел од сегашните министри не знаат да работат, дел ги мрзи да работата, а дел не знаат и не работат.
Државниот долг на државата на крајот на минатата недела изнесувал 3 милијарди и 851 милион евра, а денеска истиот тој долг е 3 милијарди 958 милиони евра, што значи дека е зголемен.
-Јавниот долг се зголеми во време на СДСМ. Ем велите дека враќате долгови, ем долгот се зголемува. Велевте во изборите дека 500 милиони евра се краделе од буџетот и велевте кога ќе дојде СДСМ на власт нема да краде и ќе има пари за се, изјави Димовски.