Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, четири со телесни повреди и три со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, додека четири лица се здобиле со лесни телесни повреди.
Санкционирани се 31 возач бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 29 возачи од кои 23 го управувале возила пред да се стекнат со право за управување моторно возило, тројца биле возачи почетници и тројца возеле под дејство на алкохол. Тројца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци и еден возач заради неправилно престигнување.
Исто така, 18 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Во однос на пешаците – санкционирани се 11 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, а десетмина поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 100 мандатни платни налози, додека 72 возила се подигнати со „пајак”.