Четириестгодишна кумановка пријавила дека нејзината ќерка исчезнала пред три дена, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера Н.З. (40) од Куманово, пријавила дека на 08.11.2017 година околу 13.00 часот од дома се оддалечила нејзината малолетна ќерка А. З. Пријавителката изјавила дека А.З и кажала дека ќе оди на свадба во Куманово и да се види со другарка.
Секторот за внатрешни работи презема мерки за пронаоѓање на лицето.