ГРАДЕЖНИТЕ ИНСПЕКТОРИ НА ЦЕНТАР ПОЧНАА ДА РАБОТАТ

Општина Центар денеска стопираше уривање на куќа на чие место треба да се гради зграда, во близина на основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци.

Градежните инспектори од Центар, по пријава на граѓани излегле на терен и ги стопирале градежните активности бидејќи градилиштето не било соодветно заштитено, а жителите на околните куќи не биле известени за уривањето. Побарано било од сопственикот на објектот во понеделник да ги достави сите потребни дозволи за градба до Општината.

„Станува збор за приватна куќа за која сопственикот вели дека има дозвола за градба на зграда од претходното раководство. Бидејќи градилиштето не беше соодветно заштитено, а зафатен беше и тротоарот, го стопиравме уривањето. Целокупната документација ќе ја разгледаме во понеделник, а побарано е од сопственикот да го обезбеди целосно просторот доколку ги има сите дозволи“, вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Од Центар велат дека нема да дозволат во иднина во општината да никнуваат градилишта кои ќе зафаќаат јавни површини и нема да бидат соодветно обезбедени.

Треба да знаете
Последни објави