Цели 18 часа беспомошно лутале по Шар Планина во лоши временски услови и густа магла.
Деветнаесет српски државјани се загубиле на Љуботен. Цели 18 часа беспомошно лутале по Шар Планина во лоши временски услови и густа магла.
Седум македонски планинари тргнале да ги бараат низ Шар Планина за по пет часа конечно да ги пронајдат и спасат. Српските планинари, преморени и исплашени, им се заблагодарија на македонските планинари, бидејќи како што рекоа, ги спасиле во последен час.