(Фото) Есенски базар на домашни ракотворби во општина Бутел

Есенски базар на домашни ракотворби „Занаетчиски колаж 2017“се одржува од денеска до 14 ноември пред платото во општина Бутел, во организација на Здружението на уметници и ракотворци АРТИ КРАФТ од Скопје.

Денеска и утре од 10 до 18 часот ќе бидат изложени ракотворби од базарот пред платото на општина Бутел.

Ќе бидат претставени дела на занаетчии ракотворци од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Турција, Албанија, Бугарија и Грција.

Покровител на есенскиот базар е градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски. Ова е прв есенски базар во општина Бутел по повод Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември. 

23435134_1460975073950839_3502311475538417040_n.jpg

23471992_1460974970617516_4932326912684141620_n.jpg

Треба да знаете
Последни објави