Македонскиот премиер Зоран Заев изрази надеж дека Македонија и Грција наскоро би можело да најдат решение за спорот со името.
Македонскиот премиер Зоран Заев изрази надеж дека Македонија и Грција наскоро би можело да најдат решение за спорот со името. Тој по средбата со словенечкиот премиер Миро Церар во Љубљана изјави: „Процесите веќе почнуваат, на 20 или 21 ноември очекуваме да се направи првата средба помеѓу преговарачите од двете земји, со медијаторот Метју Нимиц“, рече Заев, додавајќи: „Ние, во Македонија се обидуваме да изградиме национален консензус, сите, претседателот на државата, Владата, опозицијата, но во функција на наоѓање решение, а не на негово одложување“. Тој посочи дека Македонија гради пријателски односи Грција и изрази верување дека во таква пријателска атмосфера може да се најде решение и на ова горливо прашање.