Роџер Федерер е првиот полуфиналист на завршниот АТП Мастерс турнир во сезоната што се игра во Лондон. Во вториот меч во „О2“ арената Швајцарецот ја забележа и втората победа, вчеравечер против Александар Зверев со 2.1 во сетови и ќе игра во завршницата
Роџер Федерер е првиот полуфиналист на завршниот АТП Мастерс турнир во сезоната што се игра во Лондон. Во вториот меч во „О2″ арената Швајцарецот ја забележа и втората победа, вчеравечер против Александар Зверев со 2.1 во сетови и ќе игра во завршницата.
По голема битка Федерер го доби првиот сет во тај-брејк со 8:6 во поени, но германскиот тениски талент возврати со 7:5 во гејмови за израмнување на 1:1 во сетови. Во решавачкиот сет Федерер ја покажа класата која долги години го држи во врвот на светскиот тенис и го декласира помладиот ривал со 6:1 за пласман во полуфиналето.
Таму од Борис Бекер групата ќе му се приклучи победникот од дуелот меѓу Зверев и Сок, а Марин Чилиќ ќе игра само за почесна победа во последното коло по групи токму против Федерер.
Во Пит Сампрас групата работата е многу покомплицирана, особено по откажувањето на Рафаел Надал. Место него ќе игра Пабло Карено Буста, а прв ривал ќе му биде Доминик Тим, кој има пораз од Григор Димитров. Бугарскиот тенисер игра денеска во дуелот на непоразените во првата рунда против Давид Гофан, на кого му се брои триумфот против Надал.