Пратениците во Собранието на Македонија денеска треба да се изјаснат за потребата од носење на законот за употреба на јазиците.
До ова доаѓа откако вчера беше исцрпена расправата во првото читање на предлог законот што траеше неколку месеци. Предлог законот потоа се ќе биде доставен до Комисијата за Европски прашања каде што партиите најавија свои амандмани. Бидејќи законот е со европско знаменце, според Деловникот, дискусијата во Комисијата ќе трае три дена, а потоа оди на пленарна седница. Од опозицијата најавуваат амандмани за, како што наведуваат, коригирање на ова решение и негово усогласување со Уставот на државата. Законот за јазиците за парламентарното мнозинство претставува чекор кон соживот.