На 14.11.2017 година околу 14.00 часот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, во подземни гаражи избувнал пожар, при што целосно било опожарено патничко возило „Застава Југо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирмата „Галекс“.
Возилото на наведената локација било паркирано пред повеќе од една година. Бил извршен разговор со Д.К. (69)-сопственик на фирмата “Галекс“, кој претпоставува дека возилото било намерно запалено, затоа што било без акумулатор и не било во возна состојба. Пожарот бил изгаснат во 14.40 часот од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот