Сласовски разговараше со синдикатот за потребите на припадниците на МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од претседателот Ацо Антовски.

Соговорниците разговараа за проблемите со кои се соочуваат полициските службеници во работењето и начините како да се подобрат условите за работа. Министерот Спасовски ги извести претставниците на МПС дека во тек се конкретни активности за подобрување на стандардот на работење на полициските службеници, почнувајќи од набавка на основната полициска опрема како што се униформи и чизми, нешто што се нема случено скоро цела деценија. Тој истакна дека за секое барање или предлог на Синдикатот, раководството на Министерството е подготвено за отворен разговор и изнаоѓање на решенија. Актуелното раководство на МВР досега ниту одбило каков и да е синдикален предлог, ниту пак има намера во решавањето на проблемите да ги исклучи полициските синдикати.

Спасовски и Антовски разговараа и за продолжувањето на реализацијата на веќе договореното усогласување на платите на вработените во МВР со платите на вработените во сродните институции во државата и полициите во опкружувањето и беше договорено во најбрз рок да се направи сеопфатна анализа на состојбите во Министерството и врз основа на тоа да се договорат можностите, начинот и условите врз основа на кои би продолжил процесот на усогласување. Исто така, договорено е да се формираат заеднички работни групи со цел отпочнување на процесот на изготвување на нова листа на плати за вработените во МВР, како и изнаоѓање на начин за исплата на сите парични побарувања на вработените по било којa основa, а се со цел избегнување на евентуални судски спорови и трошоци.

Министерот Спасовски и претставниците на МПС се договорија во најскоро време да се најде привремено решение за вработените во ПС за ГП и ГН „Белановце“ – Пункт „Гошинце“, се до конечно решавање на инфраструктурата и состојбата на постоечкиот објект.

 

Треба да знаете
Последни објави