МАРШ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ, ГИ ОБЕЛЕЖАА МЕСТАТА ШТО НЕ ИМ СЕ ПРИСТАПНИ

Марш на толеранцијата за поддршка на лицата со попреченост, во организација на Хелсиншкиот комитет, а со поддршка од Британската амбасада, се оддржа денес во Скопје. Лицата со интелектуална и физичка попреченост и претставници од невладиниот сектор маршира од Музеј на град Скопје до Собранието на Република Македонија.

Во текот на маршот тие ги обележаа институциите и местата, кои не се пристапни за лицата со попреченост.

Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншки комитет, рече дека ова е само почеток на мапирање на местата каде има бариери и кои не се пристапни за лицата со попреченост во целата земја.

Во маршот учествуваше и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која кажа дека сега како што функционира системот за поддршка на лицата со попреченост, всушност ги прави пасивни и не им овозможува соодветно да учествуваат на пазарот на труд и да се интегрираат во општеството. Таа најави дека клучните промени што ќе ги прават во 2018 година за лицата за попреченост е како тие повеќе да се активираат во општествениот живот.

Превземено од www.sdk.mk

Треба да знаете
Последни објави