Во големата акција на УСКОК уапсен е херцеговскиот стопанственик Милан Лучиќ, кого јавноста го памети по снимката на секс со Северина.
За најпознатиот порно филм на овие простори се дозна во мај 2004 година, кога Северина беше свршена со Среќко Варгек со кој раскина неколку месеци подоцна. Лучиќ, во времето кога е снимен најпознатиот домашен порно филм на овие простори, бил оженет, а 11 минутното видео настанало на неговата јахта.
Северина и Лучиќ врската наводно ја почнале уште 2000 година, а сопругата на Лучиќ тогаш била трудна со нивното трето дете. Се зборува дека токму тоа била причина што тие ја прекинале својата афера. Северина се надевала дека Лучиќ поради неа ќе ја остави сопругата, но тоа не се случило, па на неа и прекипело.