Три лица се потешко повредени во три од 20 регистрирани сообраќајки во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во осум незгоди со полесни повреди се здобиле 13 лица, а во девет е причинета материјална штета, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и четири возачи се движеле со брзина поголема од дозволената. Шест лица се исклучени од сообраќај: двајца поради возење под дејство на алкохол, тројца го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување моторно возило и еден возач почетник. Затекнати биле 71 непрописно паркирано возило.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 69 возила.