(ВИДЕО)Давидовиќ за судската разрешница – Убиство Ореше

Дел од монтираните предмети кои им одземаа по неколку години од животот на невини луѓе а виновниците кои измислуваа и подметнуваа докази

Дел од монтираните предмети кои им одземаа по неколку години од животот на невини луѓе а виновниците кои измислуваа и подметнуваа докази, кои конструира цели настани и сведоци се уште се на слобода и никој не покренува ништо. Уште 2013 година поднесовме кривични пријави до ОЈО за организиран криминал против инспектори во УБК и одделението за заштитени сведоци но шефот на тоа обвинителство ја сокри во фиока. Го измислија и исконструираа предметот Ликвидација и неколку луѓе заедно со Томче Кежаровски ни криви ни должни завршија зад решетки а обвинителот Јован Илиевски замина во Стразбур како судија. Ако се ова не се расчисти почнувајќи од тогашниот јавен обвинител и министер за правда па се до инспекторите и судиите правда и правна држава нема да имаме.

 

https://www.youtube.com/watch?v=L6NtaWe82po&feature=youtu.be&app=desktop

 

Треба да знаете
Последни објави