Новиот претседател на кривичниот суд, Иван Џолев, освен промената во распоредот за експретседателот Владимир Панчевски, кого го префрли да суди прекршоци, прераспоредил уште двајца судии.
Судијката Весна Димишкова, која поднесе кандидатура за претседателка на судот и за која медиумите пишуваа дека има поддршка од Американската амбасада во Скопје од Одделението за претходна постапка, ќе суди организиран криминал. Таа и претходно судеше организиран криминал, но беше прераспоредена.
Весна Димишкова на СЈО му даде наредба за влез во Управата за безбедност и контраразузнавање. Дополнително, судијата Александар Милошески од Одделението за кривично полнолетни преминува да суди во Одделението за санкции. Овие одлуки за прераспоредувања не се конечни. Судиите имаат рок од 3 дена да поднесат приговор до Врховниот суд, по што одлуката ќе биде правосилна.